Од Врховен за МИА велат дека откако ќе пристигне кај нив, решението ќе биде испратено за мислење до Јавното обвинителство. Соред законската процедура, откако ќе го изготви мислењето Обвинителството го враќа предметот во Врховен суд каде за него ќе одлучува совет од пет судии во рок кој е определен од Кривичниот суд.

Објавил: Весна Петровска | 8 август, 2019 13:06

Одбиено барањето на Србија за екстрадиција на Морина, Врховен вели се уште нема пристигнато решение на Кривичниот суд

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Барањето за екстрадиција на поранешниот член на ОВК, Морина наиде на спротиставени пораки од Косово и од Србија, а и домашни политичари побараа негово ослободување. Но, упатените велат најважно е владеењето на правото и односите со соседите не треба да бидат нарушени ако одлуката е донесена согласно законите.

Откако пред неколку дена Србија официјално испрати брање за екстрадиција на Морина, Кривичниор суд го одби барањето за екстрадицијата на поранепниот припадник на ОВК, а од Врховниот суд велат дека Решението на Кривичниот суд се уште не стигнало кај нив.

Од Врховен за МИА велат дека откако ќе пристигне кај нив, решението ќе биде испратено за мислење до Јавното обвинителство. Соред законската процедура, откако ќе го изготви мислењето Обвинителството го враќа предметот во Врховен суд каде за него ќе одлучува совет од пет судии во рок кој е определен од Кривичниот суд.

Како што посочуваат од Врховниот суд, тоа не би требало да биде подолго од ден или два.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје вчера донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Тимор Морина во Србија.

– Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по барање на Министерството за правда на РСМ, а по разгледување на целокупната пропратна документација во барањето, како и ценејќи ја досегашната воспоставена судска пракса и меѓународното право, донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на лицето Т.М. во Република Србија како баратели на екстрадицијата, соопшти Основен кривичен суд – Скопје.

Решението, заедно со предметот, согласно член 65 ст. 5 од Законот за меѓународна соработка во кривична материја, треба да биде доставено до Врховниот суд за понатамошно одлучување.

– Воедно, мерката притвор против лицето, определена по предлог на Обвинителството на 25.07.2019 год, продолжува да опстојува до правосилноста на решението од Кривичниот совет, односно до одлучување по предметот од страна на на Врховниот суд на РСМ, соопшти Основен кривичен суд – Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести