Рускиот репрезентативец, Тимур Дибиров, по се излгеда ќе остане во Вардар во следната сезона. Вардар викендов стигна до втората европска круна откако во финалето го совлада унгарски Веспрем (27-24).

Објавил: Весна Петровска | 4 јуни, 2019 19:01

ОДЛИЧНА ВЕСТ: Дебиров останува во Вардар, а Скубе откри што направил Самсоненко пред фајнлфорот во Келн

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Уште една одлична вест доаѓа од ракометниот Клуб Вардар, во тимот останува најдобриот ракометар Тимур Дибиров.

Рускиот репрезентативец, Тимур Дибиров, по се излгеда ќе остане во Вардар во следната сезона. Вардар викендов стигна до втората европска круна откако во финалето го совлада унгарски Веспрем (27-24).

Дибиров за руските медиуми потврди дека останува во Вардар

Тој за руските медиуми изјавил дека останува во Скопје.

„Следната сезона ќе ја поминам во Вардар. Клубот ќе биде спасен, а ситуацијата е многу подобра“, рече Дибиров.

Исто така пред два дена и Самсоненко изјави дека состојбата во Вардар е добра и дека не постои никаков крај како што сите пишуваа.

Вардар беше „отпишан“ уште пред стартот на сезоната, беше посочен како тотален аутсајдер на фајнлфорот, но македонскиот првак успеа да направи чудо прво со епскиот пресврт против Барселона во полуфиналето, а потоа и со триумфот над Веспрем во финалето во кое водеа од прва до последна минута. Турбулентната сезона беше исполнета со повреди, но пред се со тешката финансиска состојба и беспарицата, а ракометарите девет месеци немаа земено плата, но скубе откри дека Самсоненко ги исплатил најголемиот дел од долговите кон нив, па мотивацијата била уште поголема кај ракометарите кои срцето го оставија на паркетот.

„Самсоненко ни исплати најголемиот дел од долговите пред фајнлфорот во Келн, ни вети и убава премија“, изјави словенечкиот репрезентативец Сташ Скубе за словенечките медиуми веднаш по величенствениот дочек на европските шампиони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...