За еден денар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство кој ќе се продава по 52,50 денари за литар и малопродажната цена на мазутот се намалуваза за 0,876 денари за килограм и ќе изнесува 33,158 денари за килограм.

Објавил: Весна Петровска | 30 септември, 2019 15:57

ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Намалување на цената на горивата

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 изнесува 71 денар за литар, а Еуродизелот ќе се продава по 63,00 денари за литар.

За еден денар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство кој ќе се продава по 52,50 денари за литар и малопродажната цена на мазутот се намалуваза за 0,876 денари за килограм и ќе изнесува 33,158 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 4,35 отсто или за 27,50 долари за тон, кај дизелот има намалување во просек за околу 3,36 отсто или за 20,70 долари за тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 3,53 отсто или за 21,35 долари за тон и кај мазутот намалување во просек за околу 4,12 отсто или за околу 16,20 долари за тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,96 денари за долар.

Цените на нафтата на светските берзи се зголеми за 13 проценти

Цената на фјучерсите на нафтенатата марка Брент при отворањето на берзата ИСЕ во Лондон се зголеми за 13,86 проценти на 69,91 долари за барел, јавија светските медиуми.

Цената на нафтата на светските берзи се зголемува

Во првите минути, цената на нафтата достигна плафон од 71,95 долари за барел. Последен пат цената на нафтата беше на ниво од 71 долар во мај 2019 година.

Цените на нафтата растат после извештаите за напади со дронови на нафтени постројки во Саудиска Арабија.

Според „Волстрит џурнал“, саудиските власти очекуваат националната нафтена компанија Сауди Арамко до вечер да го продолжи производството на нафта за една третина. Според весникот, нападите го намалија производството на нафта за 5,7 милиони барели на ден

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести