Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) најавува нови авионски линии до Скопје и Охрид од Анкара, Измир и Истанбул. Денеска во соработка со ТУРСАБ и Асоцијација на турски туристички агенции, организираше бизнис состаноци на 20 нови тур-оператори од Турција со туристичкиот сектор од земјава.
Според Агенцијата, зголемениот број авионски линии значи поедноставена можност за патување на Турците во земјава и обратно, а интересот е резултат на добрата соработка во минатото и историската близина поради која се уште постојат силни семејни и пријателски врски, објави опсервер.мк.
Туроператорите од Турција за време на престојот ќе ги посетат југозападниот дел од земјава, чаршиите во Скопје, Битола и Охрид, отоманските споменици на културата, а ќе имаат можност да уживаат и во македонската традиционална кујна, како и во винскиот регион.
Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, а во соработка со ТУРСАБ и Aegean Regional (Асоцијација на турски туристички агенции) дваесет туроператори од Турција денес одржаа бизнис состаноци со туристичкиот сектор од Република Македонија.
Како резултат на претставувањето на туристичките потенцијали на државава и учеството на саемот за туризам во Измир минатата година како земја-партнер, #АППТ ја продолжи промоцијата преку информативното патување кое претставува можност за отпочнување на соработка помеѓу бизнис секторот на двете земји, и нивно запознавање со нашата култура, традиција и историја.
Ова директно ќе се одрази и на зголемување на бројот на туристи и ноќевања на гости од Турција, а дополнително најавени се и нови авионски линии до Скопје и Охрид од аеродромите во Анкара, Измир и Истанбул, стои во нивното соопштение.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.