По веќе две одлагања, ЕУ требаше вчера,  да донесе „јасна и суштинска“ одлука за отпочнувањето на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, согласно препораката на Европската Комисија и општиот консензус во ЕУ дека двете земји се подготвени за следниот чекор. Но, недостатокот од политичка волја надвладеа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 октомври, 2019 10:32

Одлуката за датум за преговори се одлага за до година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По долгата вечер преговори за проширувањето на Европскаата Унија, лидерите си заминаа без договор. Франција до крај остана на својот став и Македонија не успеа да добие датум за преговори. 

Франција не попушта – одлуката за датум за преговори се одлага за в година

По веќе две одлагања, ЕУ требаше вчера,  да донесе „јасна и суштинска“ одлука за отпочнувањето на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, согласно препораката на Европската Комисија и општиот консензус во ЕУ дека двете земји се подготвени за следниот чекор. Но, недостатокот од политичка волја надвладеа.

Францускиот претседател Емануел Макрон не попушти до крај. Тој одбива секаков напредок во проширувањето додека не се измени методологијата на преговарачкиот процес, по што повеќето земји членки обвинуваат дека всушност не постигнувањето договор е поради Франција.

Холандија и Данска пак се изјаснија дека во никаков случај не сакаат да започнат преговори со Албанија.

Холандија пред речиси две недели даде зелено светло за Македонија но не и за Албанија, и тоа е единствениот услов, за Холандија прифатливо е единствено да се одвојат двете земји.

По неколку обиди за нацрт заклучоци, кон полноќ паднал француски предлог за компромис: да се одложи по четврти пат одлуката за пролетта 2020, пред самитот за Западен Балкан во Загреб. Опцијата била неприфатлива за повеќе земји кои сметаат дека не смее да има никакво одлагање, брифираат дипломатски извори, и дека одлуката „мора да се донесе денеска или утре“.

Поради ова земјите поддржувачи на проширувањето го одбиле францускиот предлог и одлучиле дека е „подобро да нема воопшто заклучоци отколку лоши заклучоци“, велат за МИА извори од земја членка на ЕУ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика