Законот предвидува носење лична заштита на лицето и тоа: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал!

Објавил: Перо Милчин | 29 октомври, 2020 5:46

ОДЛУЧЕНО: Собранието го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување во Службен весник.

Законот предвидува носење лична заштита на лицето и тоа: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана  и слично, при излегување надвор од домот односно при движење на јавни места  и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично.

Оваа мерка нема да важи:

– при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);

– при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице/лица со кој/кои што живее во заедница;

– при престојување во двор на семејна куќа сам или со лице/лица со  кој/кои што заедно живеат во заедница;

-при седење во угостителски објект со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);

– ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место;

– ако лицето е помладо од 6 годишна возраст (дете); и

-ако лицето има специфична здравствена состојба, е лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично или контраиндицирано.

За неносење маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра. Закон, ja регулира и самоизолацијата, односно таа е задолжителна  при тестирање за Коронавирус COVID-19 од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот, а самоизолацијата продолжува доколку резултатот е позитивен.

Забрана за групирање на јавен простор (паркови, јавни површини или било која површина на отворено) во одредени периоди од деноноќието и други мерки утврдени со закон.

Мерките траат додека постои опасност од ширење на епидемија.

Владата на предлог на Министерството за здравство одлучува кои од мерките ќе се применат, случаите во кои ќе се применат и за кој временски период.

За прекршителите на членот од Законот кој ја регулира самоизолација предвидена е  казна од 50 евра, а тие што ќе се групираат на отворено ќе платат казна од 500 евра.

Законот го регулира и лекувањето на лицата заболени од Ковид-19. Освен лекување во јавните здравствени установи, по медицински индикации болните можат да се лекуваат и изолираат и во приватни здравствени установи кои имаат дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија или во домашни услови,  доколку за тоа постојат услови. Приватните здравствени установи за да лекуваат пациенти од Ковид-19 треба да имаат согласност од Министерството за здравство дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија. Доколку во ЈЗУ се исполнети капацитетите за лекување на болни од Ковид 19 по претходно дадена сосгланост од Министерството за здравство лекувањето на лицата може да се врши и во приватни здравстени установи кои имаат дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...