Државата објави 2.900 смртни случаи и 112.261 заразени.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 април, 2020 20:22

ОДЛУЧЕНО: Туркиш ерлајнс“ нема да извршува летови до 28 мај!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ соопшти денеска дека го продолжува до 28 мај прекинот на меѓународните и домашните летови воведени поради пандемија со корона вирусот.

Како дел од мерките против корона вирусот, Турција го забрани и излегувањето од дома на граѓаните над 65 и под 20 години. Државата објави 2.900 смртни случаи и 112.261 заразени.

Турска национална авиокомпанија Туркиш ерлајнс (THY), е национален авио превозник на Република Турција.

Оперира на 123 дестинации во странство и 23 дестинации во границита на Турција. Главната база е меѓународниот аеродромот Ќемал Ататурк во Истанбул. Компанијата има околу 12.000 вработени, и е официјален член на Star Alliance.

Авиокомпанијата беше основана на Mај 20, 1933. Започна операции најпрвин од Истанбул, а потоа и од Анкара. Во септември 1937 компанијата доби три De Havilland D.H. 86B. Следниот Декември, авиокомпанијата доби и четврт авион.

Овие авиони го зголемија домашниот сообраќај со летови до Истанбул Ататурк, Ешкисехир, Измир, Анкара, Адана, Кајзери и Дијарбакир. Во најголемата реорганизација на авиокомпанијата, државната авиокомпанија THY, беше заменета со мешана корпорација, Türk Hava Yolları AO (THY) на 20 февруари 1956. Барањето за влез во Star Alliance беше прифатено во декември 2006.

На April 1, 2008, Турската национална авиокомпанија стана полноправен член на Star Alliance.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.