Во рамки на седницата е одлучено бремените жени да продолжат да ги користат владините мерки. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 септември, 2020 23:39

ОДЛУЧЕНО: Хронично болните се враќаат на работа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата на денешната трета седница го усвои предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање на работа на хронично болните, со исклучоци.

– Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување, информираат од владината прес-служба.

Во рамки на седницата е одлучено бремените жени да продолжат да ги користат владините мерки. 

За потсетување, вчера и министерот за здравство Венко Филипче рече дека се согласува со предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање на работните места на хронично болните, и дека нема да бидат во ризик доколку се почитуваат мерките за заштита. 

-Разгледувавме повеќе аспекти кога го дискутиравме ова прашање. Не е ад хок одлука, туку е резултат на дискусија којашто ја водиме на повеќе состаноци веќе изминатите повеќе од три недели. Суштината е дека практично за сите економски оператори, за сите компании и сите организации има протоколи по коишто се работи. Премногу е широка листата во наши услови на хронични болести, луѓе коишто имаат практично сосема нормални животни активности и никако не се доведуваат во ризик доколку ги почитуваат протоколите на своите работни места. Во таа смисла е донесена одлуката да се даде препорака пациентите коишто имаат дијагноза хронична болест и оние коишто имаат малигни болести, практично се вратат на своите работни места. Не одат на работа само тие кај коишто лекарот специјалист ќе укаже дека има состојба која што се вика егзацербација, односно влошување во рамките на хроничната болест и истата бара некаков акутен третман. Притоа и е дополнителен ризик по здравјето на пациентот. Тоа е препораката, оставаме на стручноста, експертизата на лекарите специјалисти да направат соодветна проценка, објасни Филипче и додаде дека и натаму најризичните категории остануваат заштитени, рече вчера Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести