Случајот „Пуч“ беше отворен во јануари 2015 година од претходната власт кога лидерот на СДСМ Зоран Заев почна да ги објавува „бомбите“.

Објавил: admin@magazin | 28 октомври, 2019 21:44

ОДМАЗДА: Верушевски бара 71 илјади евра отштета од државата за поминатиот притвор за „Пуч“!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот разузнавач и советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски во тужба пред Основниот граѓански суд Скопје бара оштета од државата од четири милиони и 104 илјади денари, за поминатите 344 дена во притвор за предметот „Пуч“ и за неовластено поседување на оружје.

Од оние кои имаат сознанија за случајот, исказот на Верушевски во истрагата за „Пуч“ го оценуваат како обемен, содржаен кој открива како всушност е извршено снимањето и нелегалното прислушување.

Верушевски уште тогаш барал да се изврши вештачење за да се утврди точно каде нелегално се прислушувало и кој е одговорен за тоа.
Верушевски при распитот пред обвинител дури и посочил дека обвинителот треба да го изведе вештачењето на опремата во УБК, во петата управа.

Таа негова идеја не била прифатена, а еден месец подоцна – опремата за следење на комуникации која не е вештачена била уништена на два скопски отпади за што СЈО го отвори предметот „Тврдина“. Специјалните обвинители докази бараа потоа преку претрес во УБК и со експертска помош од Ериксон кои ги бараа доказите во мрежата кон Телеком.

Во „Пуч“ осомничени „за насилство кон претставници на највисоките државни органи“, покрај Заев, беа и поранешниот разузнувач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Бранко Палифров, вработен во Општина Струмица и Ѓорѓи Лазаревски поранешен вработен во МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика