„Или ќе биде во Ерусалим или подобро да не сме домаќини“

Објавил: admin@magazin | 8 јуни, 2018 12:40

Одржувањето на Евровизија во Израел неизвесно

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Израелската министерка за култура и спорт Мири Регев изјави дека Израел ако не може идната година да го организира натпреварот за песна на Евровизија во Ерусалим, тогаш треба да размисли и дали воопштво треба да го одржи.

-И препорачувам на Владата дека ако Евровизија не може да биде одржана во Ерусалим, тогаш воопштво да не бидеме домаќини, изјавила министерката по вчерашното откажување на пријателскиот натпревар меѓу Израел и Аргентина.

Таа објаснила дека ова музичко натпреварување ќе го чини Израел околу 14 милиони долари и дека е обмислено да ја промовира земјата домаќин.

-Мислам дека ако Евровизијата не се одржи во Ерусалим, би било погрешно да се инвестираат тие пари. Главниот град на државата Израел е Ерусалим и од тоа не треба да се срамиме, додава министерката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Имено, Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври во 13:00 часот ќе одржи бесплатен концерт, кој е во организација на Град Охрид и е од отворен тип.

Бесплатен концерт на Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври

Светски познатиот џез, фанк и соул изведувач Владимир Четкар, подготвува извонреден...

Белград ќе биде центар за добра забава, а некој од најпознатите српски пејачи токму тука ќе настапат за новогодишната ноќ.

Чолиќ и Мерлин по 100.000 евра, Цеца ќе пее за 80.000 за Нова Година: Еве колку ќе заработат останатите пејачи за новогодишната ноќ

Повеќето од српските пејачи нема да одмараат за новогодишната ноќ, туку ќе настапат...