Граѓаните на германската покраина Баварија денес гласаат на избори, кои ќе и пресудат на Канцеларката Ангела Меркел.
Ова се избори на кои се очекува дека досега доминантната конзервативна Христијанско социјална унија (ЦСУ) ќе доживее неуспех, чии последици се непредвидливи по Владата на германската канцеларка Ангела Меркел.
Американската агенција наведува дека околу 9.5 милиони луѓе имаат право да ја изберат идната власт во Минхен, каде што ЦСУ како важен, но често непријатен партнер на Меркел, 51 година во изминатите 56, имаше апсолутно мнозинство.
Анкетите покажуваат дека ЦСУ овојпат ќе го загуби мнозинството во голема мера, толку многу што ова може да биде и најлошиот изборен резултат, по оној од 1950-та година.
Имено партијата ЦСУ, која зазема тврд став кон миграцијата, губи поддршка и од левичарските и од десно ориентираните гласачи, додека партијата на Зелените ги собира гласовите на либералните гласачи, а најголемиот конкурент на ЦСУ, ултрадесната Алтернатива за Германија (АФД), се надева на места во парламентот.
Како што пренесуваат медиумие во Германија, доколку падне локалната власт на демохристијаните и Зелените, канцеларката Меркел ја очекува бурна политичка есен.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.