Принцот Чарлс досега има само благи симптоми и се чувствува добро.

Објавил: Едмонд Бекири | 25 март, 2020 21:22

Од Бакингемската палата порачуваат: Кралицата е добра- не била во контакт со принцот Чарлс од 12 март!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако во британската кралска резиденција потврдија дека 71-годишниот принц Чарлс е позитивен за коронавирусот Бакингемската палата, тие ја известија јавноста дека кралицата Елизабета Втора е во добра здравствена состојба.

Кралицата во моментов е со нејзиниот сопруг принцот Филип во Виндзор, надвор од Лондон, додека принцот Чарлс е во Шкотска.

Принцот Чарлс последен пат стапил во контакт со 93-годишната кралица на 12 март во Бакингамската палата.

„Кралицата е во добра здравствена состојба. Таа последен пат беше видена од принцот од Велс на 12 март.

Кралицата го напушти Лондон со својот сопруг Филип на 19 март и од тогаш е во замокот Виндзор “, се вели во соопштението.

Принцот Чарлс досега има само благи симптоми и се чувствува добро. Неговата сопруга Камила била тестирана и не е заразена. И принцот Чарлс и неговата сопруга сега се во изолација на замокот Балморал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.