петок, 19 април 2024

MK/ EN/ DE



Како што информираа од Министерството за Здравство, вакцините веќе се доставени во вакциналните пунктови и родителите може да почнат да ги носат децата на вакцинација.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јули, 2019 11:12

Од денеска Министерството за Здравство воведува две нови задолжителни вакцини за децата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од денеска започнува вакцинацијата на децата со двете нови ваквини кои министерот Венко Филипче ги најави уште пред неколку месеци. 

Министерството за здравство веќе ги воведе во редовниот календар за имунизација за бебињата и децата, а станува збор за новите вакцини за рота вирус и пневмокок.

Од денеска се воведуваат две нови вакцини во редовниот календар за имунизација

Како што информираа од Министерството за Здравство, вакцините веќе се доставени во вакциналните пунктови и родителите може да почнат да ги носат децата на вакцинација.

Со вакцината против рота вирусот се заштитени најголем процент од децата кои ја примиле, се спроведува со орална ротавирусна вакцина во три дози со ставање капки во устата на детето, на возраст од шест недели до 32 недели. Првата доза од вакцината треба да се даде пред детето да наполни 15 недели, додека сите три дози на вакцината треба да бидат примени пред да наполни осум месеци.

Вакцината за пневмокок го намалува ризикот за пренесување на вирус. Според докторите вакцинирањето е најдобриот начин детето да се заштити од пневмококна инфекција, имајќи предвид дека третманот на пневмококни инфекции со антибиотици не е толку ефикасен, поради големата отпорност на бактеријата кон антибиотици.

Оваа вакцина се дава интрамускулно. Со ставање на пневмокок вакцината, детето ќе биде заштитено од повеќе серотипови пневмокок, кои се поврзуваат со тешки инфекции кај децата. Детето може да прими од една до четири дози, во зависност од возраста на детето во моментот кога е почнато со вакцинација.

Од почетокот на јануари годинава кога беше прогласена епидемија на мали сипаници, вакцината ја примиле над 30.000 лица, а заболеле 1.833 лица, додека за жал од компликации четири дечиња починаа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.