Исто така се најавува протестите да бидат секој ден од 12 до 15 часот се до наоѓање на взаемно прифатливо решение.

Објавил: Перо Милчин | 12 април, 2021 9:29

Од денеска па во следните денови протести пред Владата од 12 до 15 часот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во 12 часот пред Владата, ќе има протест на компаниите од индустријата за организација на настани, пренесе Тв 21. 

Исто така се најавува протестите да бидат секој ден од 12 до 15 часот се до наоѓање на взаемно прифатливо решение.

„Се до постигнување на взаемно прифатливо и одржливо решение, секој ден ќе се случува протест од 12 до 15 часот“, велат од Асоцијација на Ивент Индустрија ИВАП.

За 13 часот е најавена и прес конференција пред Владата.

„Да потсетиме, според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62,103% за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии. Нашите компании се пред колапс“, велат од ИБАП.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.