Пријавувањето за вселување во студентските домови ќе трае до 10 октомври трае а се врши преку интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk за еднократен износ од 6.000 денари за студенти од ранливи категории кои ги исполнуваат условите. Средствата може да ги искористат за сместување, но исто така и за партиципација за студиите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 октомври, 2020 11:59

Од денеска се отвораат студентските домови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од денеска се отвораат Државните студентски домови во „Скопје“ „Стив Наумов“ (зграда и бараки), „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“, а беше објавен и распоред за вселување. Годинава поради пандемијата во домовите ќе се вселува со преполовен капацитет и со строго почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19.

Согласно со протоколите, капацитетот во студентските домови во Скопје е 2080 места, а досега вкупно се примени 1614 студенти. Во соба со две легла ќе се сместува еден студент, а во соба со повеќе од две легла ќе се сместуваат најмногу двајца студенти. На самите влезови на студентските домови ќе има бесконтактни диспанзери за дезинфекција. Ќе биде забрането користење на заедничките простории, а во мензите масите ќе бидат оддалечени два метра и на секоја ќе може да бидат максимум по двајца студенти, стои во соопштението.

Пријавувањето за вселување во студентските домови ќе трае до 10 октомври трае а се врши преку интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk за еднократен износ од 6.000 денари за студенти од ранливи категории кои ги исполнуваат условите. Средствата може да ги искористат за сместување, но исто така и за партиципација за студиите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.