Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Објавил: admin@magazin | 21 септември, 2021 7:18

ОД ДЕНЕС ЗНАЧИТЕЛНО ПОСВЕЖО ВРЕМЕ И СЕВЕРЕН ВЕТЕР – СЛЕДНИТЕ УТРА ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ И ДО 0°C

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСВЕЖО со сончеви периоди. Ќе има услови и за локален краткотраен дожд, а ќе дува и слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Попладне и навечер ќе има услови за слаб локален дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.

Потоа утре ќе се задржи променливо облачно и уште посвежо време со услови за локален краткотраен дожд, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Од четврток ќе имаме целосно стабилизирање на времето, додека наутро ќе биде доста студено кога минималните температури понекаде ќе се спуштат дури до 0 степени. Максималните пак до четврток ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 26 степени, а од петок, па за време на викендот ќе бележат тенденција на пораст и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...