Како што е веќе познато на јавноста, минатата година летото беше претресен станот на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева кој се наоѓа на улицата „Стрезова“, а од таму беше одземен еден мобилен телефон, а подоцна беше одземен  другиот кој обвинителката го дала на подарок на нејзината невенчана снаа. Од домот на Јанева беше одземен и лап топ, две USB. Со претресот била опфатена и канцеларијата на Јанева во СЈО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 јануари, 2020 14:02

Од домот на Катица Јанева одземена кожна чанта Луј Витон

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Аголна гарнитура, две фотељи, дрвена клуб маса, кожна чанта Луј Витон се дел од одземените предмети од домот на поранешната специјална обвинителка откако минатото лето беше осомничена во случајот Рекет, објави Сител.

Како што е веќе познато на јавноста, минатата година летото беше претресен станот на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева кој се наоѓа на улицата „Стрезова“, а од таму беше одземен еден мобилен телефон, а подоцна беше одземен  другиот кој обвинителката го дала на подарок на нејзината невенчана снаа. Од домот на Јанева беше одземен и лап топ, две USB. Со претресот била опфатена и канцеларијата на Јанева во СЈО.

Судењето за случајот Рекет денеска е во нова фаза, презентирање на доказни материјали.

Од таму биле одземени лап топ, ДВД рекордер, два надворешни хард дискови, 9 USB, документи за истрага, отпусно писмо за болничко лекување како и фискална сметка за истото.

Инаку во доказите за предметот Рекет се и снимките кои ги објави италијанскиот медиум.

Денеска случајот Рекет влезе во нова фаза на презентирање доказни материјали.

Претходно адвокатите на двајцата осудени рекоа дека овие докази до сега ги немаат добиено на што Рускоска возврати дека не е точно.

-Им беа пуштени доказите со доставување на обвинението иако на тоа не сме должни. Денеска ли видоа дека ги немаат? Можеби некој доказ сме испуштиле да скенираме, но на паузата и тоа ќе им биде доставено, изјави Рускоска.

Првиот дел од доказите се однесуваат на наредбата за претрес на домовите на Јанева и Јовановски како и за одземениот телефон на девојката на синот на специјалната обвинителка.

Исто така во судот денеска адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дукоски побара од Обвинителството да се врати луксузната гардероба која беше одземена од домот на Боки 13.

Воедно Сашо Дкоуковски рече дека не се запознаени што конкретно е одземено при претресот во домот на Боки. Тој објасни дека во објаснувањето на Обвинителството само е наведено дека се одземени вреќи со гардероба, но не и за каква конкретно и од кои марки.

Обвинителката Вилма Русковска објасни дека кога ја одземале гардеробата тоа било невозможно да се направи.

-Кога гардеробата се предаваше во агенција за одземенен имот наведено е за какви марки се работи, вели Русковска.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.