Станува збор за дрво кое мештаните го нарекуваат дар од Бога и подарок од мајка природа.

Објавил: Весна Петровска | 13 ноември, 2019 12:21

Од дрво во Подгорица тече вода – луѓето велат дека е дар од Бога

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Феномен се случил во Подгорица, од дрво тече вода.Во Диноша, на околу 5 километри од Подгорица, после обилните врнежи изминативе денови повторно истекла вода од необично дрво во селото.

Станува збор за дрво кое мештаните го нарекуваат дар од Бога и подарок од мајка природа.

Имено, коренскиот состав на ова дрво се наоѓа на сезонскиот фрон на водоизворите.

Во неговиот корен има извор кој се пробил и стеблото всушност служи како „цевка“ за прелевање вода.

Водата тече само при големи количини врнежи, во пролетните и есенските месеци, а на лето доаѓа до намалување на водата или нејзино целосно исчезнување.

Поради староста на дрвото, шуплините во нејзините корени и самоо стебло доаѓа до овој феномен.

Експертите објаснуваат дека овој природен феномен трае над 150 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.