За помошта од ЕУ за Србија од седум милиони евра и каде е Македонија, министерот Димитров рече дека ќе има помош за целиот регион.

Објавил: Едмонд Бекири | 21 март, 2020 13:02

ОД ЕУ НИ ТРАГА НИ ГЛАС: Димитров моли за помош- Бараме од ЕУ помош во пари и медицинска помош!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шефот на дипломатијата Никола Димитров на денешната прес-конференција рече дека Македонија бара пренасочување од ИПА фондовите за да можеме да ги користиме како средства за борба против корновирусот.

Во разговори со директоратот на ЕУ, ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар вчера побаравме ЕУ да ни дозволи средствата од ИПА фондовите и 50-те милиони евра кои ни ги додели ЕУ да ги пренасочиме за борба против заразата од вирусот и се надеваме дека ќе ни излезат во пресрет – рече министерот Димитров на претпладневниот прес.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, потсети шефот на дипломатијата, имаше средба со премиерот Оливер Спасовски.

– Бараме пренасочување од ИПА фондовите за да можеме да ги користиме како средства за борба против корновирусот. Ние за годинава, беше најавено, добивме 50 милиони евра награда за реформските постигнувања, има едни осум милиони евра од минатата година и правиме напори овие средства да можеме да ги користиме во оваа кризна ситуација и истовремено правиме спецификации на медицинска опрема до сите пријатели – земји членки и НАТО сојузници, појасни министерот Димитров.

За помошта од ЕУ за Србија од седум милиони евра и каде е Македонија, министерот Димитров рече дека ќе има помош за целиот регион. 

– Ние сме во постојана комуникација, имаме испратено барања. Вчера меѓу другото и во тој контекст имав размена на пораки со комесарот и со други претставници на ЕК и ЕУ. Целиот регион ќе биде вклучен бидејќи географски сме во рамки на ЕУ, истакна министерот Димитров. 

Во моментов вима околу 2300 македонски граѓани се затечени на границите и аеродромите во целиот свет, најмногу во европските држави, истакна na прeс конференција министерот за надворешни работи Никола Димитров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...