Премиерот Заев истакна дека за патната инфраструктура е планирана значителна сума средства и дека од оваа година има нов систем за надгледување на спроведувањето на капиталните инвестиции!

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 јуни, 2021 19:34

Од инфраструктурно заостаната земја, Македонија се гради и поврзува со квалитетна, безбедна и сигурна патна инфраструктура за граѓаните

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Реконструкцијата на патниот крак Кавадарци-Дреново ја реализираме на барање на граѓаните од овој регион, кои ќе добијат современа делница и безбедно приклучување кон експресниот пат во изградба од Градско кон Прилеп.

Од Македонија, која беше инфраструктурно заостаната земја, во интерес на граѓаните ги реализираме нашите програмски одредници „Сообраќајна мрежа без црни точки”, и патно поврзување меѓу најголемите центри за кое нема да бидат потребни повеќе од 90 минути низ безбедни патни правци“, истакна премиерот Заев на денешниот увид на реконструкција на патниот правец Кавадарци-Дреново каде беше заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на „Македонија пат“, Беким Мемеди.

Премиерот Заев истакна дека за патната инфраструктура е планирана значителна сума средства и дека од оваа година има нов систем за надгледување на спроведувањето на капиталните инвестиции!

„На развојот на патната инфраструктура се работи низ цела Северна Македонија, за што планираме во наредните години да инвестираме значителна сума на средства, кои се проценети на преку 1 милијарда евра, a само во оваа година планираме за изградба и рехабилитација на патишта да намениме околу 200 милиони евра. Важно е да се напомене дека за реализацијата на капиталните проекти, од оваа година има нова димензија, односно активиран е систем кој го надгледува спроведувањето на капиталните инвестиции и веднаш алармира таму каде што ќе се појави застој“, објасни премиерот Заев.

Министерот Бочварски истакна дека по завршување на оваа патна делница од Дреново до Кавадарци, се продолжува со рехабилитација на регионалниот пат Неготино-Глишич. Исто така во оваа градежна сезона ќе се реконструираат 5 улици во Кавадарци и 3 улици во Неготино.

„Оваа Влада ги решава проблемите и ја модернизира патната инфраструктура во државата.  Во однос на  експресниот пат од Градско до

Дреново во фаза на преземање е договорот за работа и многу брзо Штрабаг започнува со работа на трасата. За делницата од Дреново до Фариш избран е изведувач и веќе од 9 јуни компанијата започнува со работа. Исто така избран е изведувач и за рехабилитација на Плетвар и со избор на надзорот и таму започнуваме  со работа. Така да имаме силна градежна сезона во овој регион“, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Директорот на „Македонија пат“ Беким Мемеди рече дека патниот правец Кавадарци-Дреново е исклучително важен за тиквешкиот регион, во вредност од 90 милиони денари и се реализира во две фази, прва фаза опфаќа гребење и реконструкција во должина од 5,1км и втора фаза во должина од 3,9км и ширина 7м, и додаде дека моментално се работи на преку десетина патни правци низ државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...