Дали истрагата ќе се прошири и на политичари ?

Објавил: Узунов Бобан | 24 септември, 2019 9:13

Од исказот на Катица Јанева денеска зависи дали истрагата ќе се прошири и на политичари ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Eксшефицата на СЈО, Катица Јанева, која се наоѓа во притвор, денеска треба да биде донесена на распит во Основното јавно обвинителство за случајот ,,Рекет”. Обвинителството вчера соопшти дека е завршена истрагата за осомничените, а тоа денеска ќе и биде соопштено и на Јанева. Во меѓувреме тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените.

Катица Јанева денеска за прв пат ќе даде исказ како обвинета са случајот Рекет. Од нејзиниот исказ зависи во кој правец ќе се движи процесот во иднина-дали Јанева своеволно ќе го затвори предметот  со неа Боки 13 и Зоки Кичеец како обвинети или пак ќе се прошири истрагата и на други лица од власта за кои периодов имаше силни индиции дека имале некаква поврзаност со Рекет, а се високи функционери во власта.

Вчера Бојан Јовановски, познат како Боки 13, одбил да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска бидејќи не му биле презентирани доказите прибавени од Обвинителството.

Боки 13 беше приведен на 15 јули годинава на граничниот премин Богородица при обид за бегство поради сомненине за изнудување пари од бизнисменот Орце Камчев. Од страна на судот му беше одреден триесетдневен притвор, кој потоа му беше продолжен. Според истрагата што ја води Русковска, Боки 13 заедно со Зоки Кичеец во два наврати зеле 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра со ветување дека преку ексшефицата на Катица Јанева ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството беа повикани бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика, и бизнисменот Зоран Азманов.Минатиот месец на распит кај Русковска беше и второосомничениот Зоран Милевски – Кичеец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести