Велигден се празнува три дена – недела, понеделник и вторник. По црковната служба почнувала празничната веселба. Луѓето се собирале во групи, пееле, играле, се маскирале.

Објавил: admin@magazin | 28 април, 2019 10:02

Од каде доаѓа зборот ВЕЛИГДЕН?

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Многу од денешните обичаи поврзани со денешниот христијански празник Велигден имаат потекло од античко време или од Средниот век. Знаете ли од каде доаѓа името на празникот ?

Велигден е најзначајниот празник за христијаните, бидејќи на овој ден се празнува воскреснувањето на Исус. Тоа во Германија го знае секое дете, но ретко кој знае дека Велигден првично бил паганско празнување во чест на божица на пролетта и плодноста кај Германите.

Таа се викала Остара, што значи исток, бидејќи била споредувана со зората и од нејзиното име е изведен денешниот германски збор за Велигден – „Ostern“. Нејзиниот празник се славел секогаш по првата полна месечина во пролетта.

Тогаш луѓето танцувале со мечеви, што претставувало борба на богот на сонцето со зимските моќи, кои во ова годишно време редовно ја губат оваа битка. Овие пагански активности биле трн во окото за црквата, па на советот во Никеја во 325 година било одлучено најважниот празник во христијанството да биде во исто време со пролетниот празник на многубожците.

Посебно големо значење и се давало на велигденската трпеза, иако не била толку богата како Божиќната.

Велигден се празнува три дена – недела, понеделник и вторник. По црковната служба почнувала празничната веселба. Луѓето се собирале во групи, пееле, играле, се маскирале.  Гозбата се почнувала со поскура или со јајце или со сирење или мешано (вино, јајца, леб, коприва, цвет од дрен). Во секој случај задолжително на масата се наоѓале јајцата, како што било обичај да се пече ритуално лепче од пресно или од кисело тесто – велигкденик.

За да се заштити семејството од зли сили, жените што го замесувале тестото си ставале гранче од босилок зад увото. Многу обичаи биле поврзани со боењето на јајцата. Насекаде бил раширен обичајот да им се даруваат јајца на сите што ќе го посетат домот во текот на празникот. Децата измислувале разни игри со јајца, се чукале со нив, фрлале парички на јајцата и слично.
Во велигденските обичаи се забележуваат и елементи на култот на предците – првиот или вториот ден по Велигден, жените одат на гробовите на своите блиски , носат јадења приготвени за Велигден , црвени јајца…
Во различни делови на светот има разни обичаи за Велигден, но едно е исто за сите Христијани – боење на јајца, свечено украсени куќи и празнично обидување.
Црвената боја – симбол на света крв По тржествената богослужба , луѓето држат во своите раце црвено вапцани јајца. Кршејќи ги меѓусебно јајцата изговараат “Христос Воскресе” а на оваа реплика се одговара “Навистина Воскресе”. Внатрешноста на црвеното јајце го претставува Христос, а неговата душа го претставува гробот во кој е положен. Црвената боја, пак, ја претставува Христовата света пролеана крв.

Најважна работа во четвртокот и во саботата било боењето на јајцата. Вапцаните јајца се јаделе не само на Велигден туку и потоа се до Света Троица. Се верува дека јајцата кои се вапцуваат во четвртокот пред Велигден долго траат. Јајцето претставувало симбол и извор на плодородноста. Исто така јајцето симболизира жртва , принос, молитва кон Бога.

Околу велигденското јајце

Во културната историја на човештвото јајцето се среќава многу рано. Уште во четвртиот век јајцата биле ставани во гробовите на Римјаните и Германите и симболизирале почеток на нов живот. Во Средниот век вазалите на земјопоседниците им давале велигденски јајца или зајчиња како надомест за добиената земја. На ова првично плаќање денес се должи подарувањето на велигденски јајца.

Обичајот кај католиците да се бараат велигденските јајца низ дворот веројатно е измислен од буржоазијата, бидејќи на децата на селаните тешко можело да им се претстави дека зајаците наместо кокошките ги несат и квачат јајцата. На зајакот му било импутирано дека во суровата зима, кога гладните зајаци доаѓаат во селата во потрага по храна, ги сокрива шарените јајца.
Додека велигденските јајца се наоѓаат на менито од пред три века, велигденското јагне е на трпезата многу од поодамна. Овој обичај потекнува од ритуалот кај евреите за колење на животното за време на празникот Пасха. Во христијанската црква тоа станало симбол за Јагнето Божје (Agnus Dei).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.