Во борбите загина и самиот цар. А во свое време царот Теодосиј Велики во Цариград подигна црква посветена на овие тројца маченици.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 јуни, 2019 11:17

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ: Денеска се празнуваат тројцата браќа – маченици!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Денеска е Св. маченици Мануил, Савел и Исмаил. Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 јуни.

Овие тројца беа браќа, воведени во христијанството од мајка им и крстени. Живееја во времето на персискиот цар Аламундар и римскиот Јулијан (од црквата наречен Отстапник) и беа високи чиновници на персискиот двор.

Како такви беа испратени кај Јулијан да договорат мир меѓу двете царства. Во тоа време, во Халкидон Јулијан прославуваше некоја паганска свеченост со многу жртви. Додека траеше свеченоста, тројцата персиски пратеници остануваа во своите одаи.

Царот ги повика и побара да земат учество во свеченоста, а овие, како христијани, одбија да се поклонуваат на мртвите статуи. Јулијан ги затвори, ги стави на маки и ги погуби. Кога слушна за ова, Аламундар собра војска и го порази Јулијан.

Во борбите загина и самиот цар. А во свое време царот Теодосиј Велики во Цариград подигна црква посветена на овие тројца маченици.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.