МВР нема обврска да знае каде се граѓаните на државата во кој било момент, освен ако има налог од надлежен обвинител

Објавил: Перо Милчин | 21 јули, 2019 17:01

ОД КАТИЦА ЈАНЕВА НИ ТРАГА НИ ГЛАС: Оливер Спасовски и МВР не знаат каде е Јанева!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека ако се тргне од овој принцип дека МВР треба да знае каде секој се наоѓа во одреден момент, тогаш тоа не е демократска држава.

Министерот Оливер Спасовски, денеска од Прилеп порача дека ни тој, ниту пак Министерството со кое раководи, не знаат каде во моментов се наоѓа специјалната обвинителка Катица Јанева.

Спасовски рече дека МВР нема обврска да знае каде се граѓаните на државата во кој било момент, освен ако има налог од надлежен обвинител или надлежен суд.

-Ако тргнеме од тој принцип дека МВР треба да знае каде секој се наоѓа во одреден момент, тогаш тоа не е демократска држава. МВР постапува исклучиво според наредби кои ги издаваат надлежниот обвинител или надлежниот суд, рече Спасовски кој присуствуваше на конститутивната седница на Советот за превенција на Прилеп.

Шефицата на Специјалното јавно обвинителство која е во оставка, Катица Јанева е на боледување, и официјално потврдија од СЈО. Таа боледувањето го отворила ден по поднесувањето оставка од функцијата, односно на 16 јули.

Од СЈО засега не откриваат од што е болна Катица Јанева и врз основа на каква документација го отворила боледувањето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести