Почивај во мир!

Објавил: Владо Марин | 17 декември, 2020 9:49

Од Ковид почина најмладата медицинска сестра: Голем човекољубец, лојален соработник и голем пријател

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Четириесетгодишната медицинска сестра Ирена Дојчиновска Милошевска од Геронтолошкиот завод „13ти Ноември“ во Скопје е најмладиот медицинар кој почина од ковид 19 во земјава, информира Унијата на медицински сестри.

Ова не е првата жртва медицинска сестра, меѓутоа е најмладата. Медицинските сестри секојдневно го ризикуваат својот живот и животот на своите најблиски за пациентите. Ве молиме придржувајте се до мерките и помогнете на здравствениот систем кој одамна се бори вон своите можности. 

Унијата на ЗМСТАС сестра Ирена ќе ја памети како некој кој несебично се даваше во сите активности поврзани во нашата борба за сестринските права, ќе ја паметиме како голем човекољубец, лојален соработник и голем пријател. Изразуваме сочувство до семејството и најблиските.

Нејзиниот погреб ќе се одржи утре, на денот на нејзиниот роденден, велат од извршниот одбор на Унијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam