Патријархот на Српската православна црква Иринеј (90) почина ноќеска во болницата „Карабурма“, каде тој се лекуваше две недели од коронавирус, јавуваат српските медиуми.
Претходно, Српската православна црква објави дека здравствената состојба на патријархот Иринеј, кој се лекувал во болницата Карабурма за последиците од инфекција со коронавирус, се влошила, соопшти Српската православна црква.
„Имаше влошување на општата состојба на Неговата Светост Патријархот на Србија г. Иринеј, како последица на КОВИД -19. Постојаниот совет на лекари во присуство на лекари ја следи општата и клиничката состојба на Неговата Светост Патријархот на Србија г. Иринеј. Јавноста ќе биде информирана и понатаму за здравствената состојба на Неговата Светост“, објави Српската православна црква.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.