Жолта штампа е најследена помеѓу македонската публика. Обично медиумските работници вината за пласирање на нерелевантни содржини кои ги кршат сите принципи на новинарството, го правдаат со тоа што во Македонија цвета кич култура и што ете читателите со малограѓански дурбин, најмногу се врзуваат и интересираат за тој тип содржини.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 29 јануари, 2020 14:31

Од кога главните селски трачаруши станаа новинари?

Фото/Текст извор: ©магазин

Жолта штампа е најследена помеѓу македонската публика. Обично медиумските работници вината за пласирање на нерелевантни содржини кои ги кршат сите принципи на новинарството, го правдаат со тоа што во Македонија цвета кич култура и што ете читателите со малограѓански дурбин, најмногу се врзуваат и интересираат за тој тип содржини.

Истражувачкото новинарство е инфилтрирано во механизмите на политичките партии и сомнителни центри на влијание кои испорачуваат доброволно содржини до новинарите. Практично, истражувачкиот новинар нема многу истражувачка работа, неговата задача е да го пренесе она што некој му го врачил и нормално убаво да го исфилува за тоа да оди во прилог на пропагандата која му е порачано да ја шири. Основите на новинарството во Македонија скоро никој не ги почитува. Ласвеловата парадигма за информирање според која во секоја информација треба да се содржани одговори на следните прашања – дали, кој, каде, кога, што, како и зошто, не се почитува.

Се делат непроверени, полувистинити, половични, дури некогаш и целосно измислени информации.

Секако на штета на публиката. Факт е дека публиката нема и не може да има многу влијание врз квалитетот на информациите, за жал во однос новинар – публика, публиката е само пасивен восприемател на пораките. Што значи дека целата одговорност за очајната состојба во македонското новинарство и јавен простор е само и исклучиво вина на медиумските агенции и новинари без школо и студиран новинарски занает.

Новинарите во Македонија не ги почитуваат основните принципи на информирањето. Ласвеловата парадигма во новинарството е исто што и Хипократова заклетва во лекарството.

Кај нас во село се знаеше кои се главните селски трачаруши и нив никој не ги сметаше за веродостоен извор. Тие може да наслушнат, измислат, пренесат полувистинита или невистинита информација и мислеа дека знаат за секого се. Всушност, ситуацијата беше сосема поинаква. Тие не знаеа скоро ништо за луѓето кои ги трачареа, само си правеа проекции, сцени што потсвесно сакаа да ги видат, на некој начин трачањето нив им беше терапија на нивната слаба, зависна и тешка душа. Баба ми викаше дека главните трачаруши во селото не мора да ги слушнеш каков разговор водат, да ги откриеш дека трачарат, доволно е вели – да ги погледнеш. Нив буквално им смрди под нос, не водат никаква грижа за себе, за домот, за децата, зошто не ја бркаат својата работа, туку постојано одат во надзор на тоа како оние што ја бркаат својата работа ја обавуваат или не ја обавуваат. Трачарушите изгледаат напуштено, незадоволно, нивните садови се неизмиени, нивните алишта неиспрани, децата им се развратени и не негувани и секако со својот изглед и дела трачарушите кажуваат се што сите заедно не би го искажале за нив ни во 1000 зборови. Или, како што вели стара поговорка – Една слика, илјада зборови.

Ако го посматрате најголемиот дел од јавниот простор во Македонија ќе воочите големи сличности со содржината на разговорите кои ги воделе жени на чешма која се наоѓа на средината од вашите села.

Новинарите во Македонија станаа главни трачаруши. Секако, оние кои се самодекларираат како новинари. Вистинските новинари се веројатно невработени или земаат мал јавен простор. Неуспехот на вистинските новинари се должи на тоа што политичките и бизис финансиери на медиумските куќи или ја сметаа објективноста како загрозување, или, пак во најмала рака таа не им ги исполнува интересите.

Другиот тип на новинари се овие фејсбук и твитер инфлуенсери.

Во нивните новинарски подвизи можете да прочитате – кој со кого се држи, кој со кого пие виски у кафана, кој со кого води љубов, кој со кого се швалерисува и сл. Буквално се она што можевте да го слушнете пред 50тина години ако се соберевте на сред вашето село на чешма. Македонските новинари се претворија во главни селски трачаруши и се прашувам уште колку се подготвени да одат подалеку во правањето „мајмуни од себе“ за некоја навидум актуелност и популарност? Зарем не разбираат дека публиката која ги следи во толкав број е масовна само заради тоа што картите за циркус се скапи? Во македонската јавна сцена има се повеќе циркус, а се помалце е смешно!

Автор: Магдалена Стојмановиќ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...