Од коронавирус оздравеа петмина битолчани во деветтата деценија од животот.
„89-годишниот пациент од Битола беше хоспитализиран како веќе позитивен, дијагностициран преку ЦЈЗ, кога кај него се развија симптоми на бронхопневмонија.
Кај нас беше хоспитализиран десетина дена и во стабилна состојба, со добра клиничка слика, по добивање на два негативни контролни теста се испиша од Инфективно одделение.
Првиот пациент кој беше од Битола хоспитализиран имаше 85 години, највозрасните пациенти кои сме ги имале се пациенти на 83, 84, 85 години и овој кој досега бил највозрасен 89-годишен, оздравени од ковид 19, испишани со два негативни теста во добра состојба“, рече Билјана Гагачовска, директорка на Клиничката болница од Битола.
Им честитам на сите здравствени работници за макотрпната и пожртвувана работа во овие изминати 4 месеци. Докажаа дека со својата стручност, посветеност и мотивираност се столбот на нашиот здравствен систем, изјави вчера министерот за здравство, Венко Филипче!
За две ипол години издадовме над 5000 согласности за вработување, а секој млад лекар има шанса за платен стаж веднаш по добивањето на лиценцата. Продолжуваме со политиките кои значат подобар третман и подобри услови, рече министерот!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.