Како што беше објавено од нив две третини се работоспособни, а една третина се високостручни, најголем дел од ИТ секторот. Предупредување од Светските банкари е дека Македонија  мора под итно да превземе чекори за да се спречи одливот на таленти од земјава, бидејќи ќе се доведе под ризик целата економија, пазарот на труд, како и одржливоста на пензискиот и здравствениот фонд.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 октомври, 2019 19:51

Од Македонија се иселиле половина милион луѓе

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото плусинфо

Шокантни бројки објави светската банка, во врска со трендот на иселување од Македонија.Имено според Светска Банка од земјава се иселени дури половина милион граѓани или една четвртина од населението.

Македонија е една од земјите не само во регионот, туку и во Европа која e типично иселеничка земја. Најчести причини за иселување се невработеноста и ниските плати. Фото: НОВА МАКЕДОНИЈА

Како што беше објавено од нив две третини се работоспособни, а една третина се високостручни, најголем дел од ИТ секторот. Предупредување од Светските банкари е дека Македонија  мора под итно да превземе чекори за да се спречи одливот на таленти од земјава, бидејќи ќе се доведе под ризик целата економија, пазарот на труд, како и одржливоста на пензискиот и здравствениот фонд.

„Кога ќе го споредиме одливот на таленти од РСМ споредено со земјите од источна европа, 24 земји од Источна европа практично Макеоднија заедно со Ерменија, Молдавија Босна и Херцеговина се земји од каде имаме најмногу одлив на високобразован кадар“-Бојан Шимбов, економист во Светска Банка.

Имено веќе неколку години наназад Македонците започнаа да се иселуваат во европските држави, од нив најмногу се млади кои заминуваат во Малта, Германија, Швајцарија,Словенија, Италија, Шведска заради работа .

Причините поради кои најчесто граѓаните ја напуштаа земјава е тоа што половина од младите се невработени, а вработените најчесто се платени со минимални плати од 12.000 денари, без разлика дали се продавачи или инженери.

Статистиката покажува и дека секоја година се намалува и бројот на запишани основци и средношколци, а сервира и многу други податоци кои насочуваат на податокот дека државата незапирливо се празни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести