Во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 јануари, 2021 10:33

ОД НОЌЕСКА СЕРИЈА НА ВЛАЖНИ ВОЗДУШНИ БРАНОВИ ЌЕ ЈА ЗАФАТАТ МАКЕДОНИЈА – СЕ ОЧЕКУВААТ ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денешниот ден ќе помине во знакот на сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, додека Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.

Во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Потоа од утре следува период на променливо време со повремени врнежи од дожд. Повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и локално во следните денови се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 30 л/м2). На планините пак се очекува зголемување на веќе постоечката снежна покривка.

Исто така во следните денови ќе дува и слаб до умерењн ветер од променлив правец, истиот повремено ќе засилува додека температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, нешто постудено време ќе имаме во понеделник кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...