Со најновите измени малопродажната цена на Еуросупер БС – 95 изнесува 60,50 денари за литар и е поскапа за еден денар од претходната недела.

Објавил: Владо Марин | 22 јуни, 2020 21:28

Од полноќ поскапуваат нафтените деривати

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Регулаторна ја коригираше цената на нафтените деривати во однос на движењата на нафтата на светските пазари.

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе најновата неделна корекција на малопродажните цени на горивата според гоја цената на нафтените деривати расте во просек за 1,96 проценти.

Со најновите измени малопродажната цена на Еуросупер БС – 95 изнесува 60,50 денари за литар и е поскапа за еден денар од претходната недела.

И Еуросупер БС – 98 поскапува за еден денар и од ноќеска на полноќ ќе се продава по цена од 62,50 денари за литар.

Новата цена на дизелот според најновата корекција на РКЕ од ноќеска на полноќ ќе биде 52 денари за литар.

За еден денар поскапува и  малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), и сега тоа ќе изнесува 41,00 ден/лит.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.