„Од понеделник 7 февруари влезот во земјата за оние што имаат активен европски сертификат ќе биде без задолжителен тест“, изјави Плеврис.

Објавил: Мате Парлоф | 6 февруари, 2022 12:09

Од понеделник во Грција само со сертификати, се укинува задолжителниот тест

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Последната министерска одлука од 24 јануари е во сила до понеделник и предвидуваше задолжителен негативен тест ПЦР или рапид-тест за сите патници, без разлика на националноста и начинот на влез во земјата и независно дали се вакцинирани или не

Од понеделник Грција ја укинува мерката воведена 19 декември лани за задолжителен ПЦР/рапид-тест и за вакцинираните и за невакцинираните патници за влез во земјата, мерка што важи и за државјаните на Северна Македонија, МИА од Атина.

Министерот за здравство Танос Плеврис претпладнево рече дека за оние што имаат валиден европски сертификат нема да биде потребен тест за патување во Грција.

„Од понеделник 7 февруари влезот во земјата за оние што имаат активен европски сертификат ќе биде без задолжителен тест“, изјави Плеврис.

Последната министерска одлука од 24 јануари е во сила до понеделник во шест часот наутро и предвидуваше задолжителен негативен тест ПЦР или рапид-тест за сите патници, без разлика на националноста и начинот на влез во земјата и независно дали се вакцинирани или не. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.