Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји, без обврска да приложат негативен тест.

Објавил: Владо Марин | 6 октомври, 2020 15:54

Од понеделник се укинуваат ковид тестовите за Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, одлучи Владата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Врз основа на координацијата со министерствата за здравство од регионот, денеска, на седница на Владата на Република Македонија, донесовме одлука да овозможиме непречен влез на странските државјани од Република Србија, Република Косово, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, соопшти премиерот Заев!

Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји, без обврска да приложат негативен тест.

Оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од КОВИД-19.

Одлуката стапува на сила од понеделник, 12 октомври 2020 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...