"Србија воз" уште во јануари годинава ги известиле МЖ Транспорт дека во согласност со грчки "Tренос", донеле одлука за укинување на линијата поради економска неисплатливост

Објавил: Мартин Попоски | 28 септември, 2018 15:12

Од понеделник се укинува патничкиот воз Белград-Скопје-Солун

Фото/Текст извор: ©алса-м.тв/магазин.мк

Патничката железничка линија Белград-Скопје-Солун од понеделник дефинитивно нема да сообраќа.

И по напорите од македонска страна да се предомисли Српската железница да не ја укинува оваа линија, возовите од понеделник, па до 15 јуни следната година нема да возат.

Од Македонски железници-транспорт за Алсат М потврдуваат дека после состанокот одржан во Белград, од “Србија воз” биле категорични дека оваа железничка линија им е неисплатлива да вози во текот на целата година.

Дефинитивно од понеделник нема да сообраќа возот на меѓународната железничката линија Белград-Скопје-Солун. Имаме преговори и разгледуваме други опции за железничко поврзување со двете соседни земји. “Србија воз” повторно ќе ја воспостави оваа линија од 15 јуни следната година и ќе сообраќа само за време на летната сезона. – велат од македонски железници во изјава за телевизијата.

“Србија воз” уште во јануари годинава ги известиле МЖ Транспорт дека во согласност со грчки “Tренос”, донеле одлука за укинување на линијата поради економска неисплатливост.

Таквата одлука ја донеле како железнички управи од каде тргнува односно пристигнува возот, а МЖ Транспорт како транзитна железничка управа има право само да вложи приговор.

Возот, според известувањето од “Србија воз”, би сообраќал сезонски во летните месеци од 15 јуни до 15 септември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...