Ќе започне да дува северен ветер кој особено Долж Повардарието ќе биде и ЗАСИЛЕН по интензивет ( над 60 км/час).

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 јуни, 2021 16:18

ОД СЕВЕР КОН НАШАТА ТЕРИТОРИЈА СЕ СПУШТА СТУДЕН ФРОНТ – ЌЕ УСЛОВИ НОВИ ВРНЕЖИ, ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И СИЛЕН ВЕТЕР

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во следните часови од север кон нашата територија ќе се спушта студен фронт кој ќе услови зголемување на облачноста и повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе започне да дува северен ветер кој особено Долж Повардарието ќе биде и ЗАСИЛЕН по интензивет ( над 60 км/час).

Температурите до крајот на денов ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 30 степени, додека во вечерните часови значително ќе започнат да опаѓаат и до утре изутрина истите ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 15 степени во најтоплите предели.

Променливо и свежо време со северен ветер кој Долж Повардарието повремено ќе засилува ќе се задржи и утре како и во вторник, кога ќе има услови за локален краткотраен дожд. Додека температурите ќе бидат ПОД ПРОСЕКОТ за овој дел од годината, односно ќе биде невообичаено свежо (истите ќе бидат пониски од нормалните за 5 до 10 степени).

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 27 степени, додека наутро истите на повеќе места ќе паѓаат и под 10 степени.

Сепак поради продор на ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛА воздушна маса од југ, ПОГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето ќе имаме од среда па натаму.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...