Камилите се од видот бактријан, а се донација од Чешка и од Словенија.

Објавил: Владо Марин | 22 јуни, 2020 19:22

ОД СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ПОВТОРНО ДВОГРБИ КАМИЛИ ВО ЗОО

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По подолго време, посетителите на ЗОО Скопје ќе имаат можност да видат и двогрби камили.

Се очекува тие да пристигнат во Скопје во месец јули и екипите на ЗОО го подготвуваат нивното живеалиште.

Камилите се од видот бактријан, а се донација од Чешка и од Словенија.

Пред некој ден, во зоолошката во Скопје беше отворено и живеалиштето на фламингата, а 15 фламинга веќе уживаат во него.

Зоолошката најави дека ќе донесе и пингвини во следниот период.

Исто така следниот месец ќе пристигнат и бели волци, кои доаѓаат од зоолошките во Литванија и Германија и се редок и загрозен вид. На возраст се од околу една година!

Белите волци ќе бидат втор вид на ретки бели животни во скопската зоолошка по белите лавови Чака и Бела кои веќе се омилени меѓу посетителите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.