Според соопштението од на кинеските здравствени служби, во последното деноноќие биле регистрирале 81 нов смртен случај, по што експертите веќе заразата ја третираат како поопасна од претходниот тип на коронавирусот, таканаречениот „САРС“, што во 2003 година  предизвика смрт на 774 лица.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 февруари, 2020 14:52

Од смртоносниот коронавирус во Кина до сега починале 722 лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што денеска пренесоа британските медиуми, до сега од новиот смртоносен коронавирус во Кина починале 722 лица, а бројот на заразени е над 32.000.

ВчераРичард Мартинело, вонреден професор по инфектологија на Медицинскиот факултет на Јејл во интервју за „Бизнис инсајдер“  рече дека поради причини кои се уште не се јасни, изгледа дека од коронавирусот, пред се, заболуваат возрасните. Симптомите на новиот коронавирус се слични на воспаление на белите дробови или грип – треска, кашлица, висока температура, отежнато дишење и болки во грлото.

Според соопштението од на кинеските здравствени служби, во последното деноноќие биле регистрирале 81 нов смртен случај, по што експертите веќе заразата ја третираат како поопасна од претходниот тип на коронавирусот, таканаречениот „САРС“, што во 2003 година  предизвика смрт на 774 лица.

Од новиот коронавирус, според последните податоци, заразени се  32.000 лица.

Денеска исто така беше соопштено дека од последици на коронавирусот во болницата Џијинтан во кинескиот град Вухан почина првиот американски државјанин (60).

-Најискрено сочуство до семејството заради оваа загуба. Ја почитуваме приватноста на семејството, немам друг коментар, изјави денеска портпаролот на американската Амбасада во Пекинг.

До синоќа 19 странци беа заразени со коронавирус во Вухан, од кои двајца беа пуштени од болница, а 17 се наоѓаат во карантин.

Истовремено, јапонското Министерство за надворешни работи соопшти дека во болница во Вухан од заразата починал и еден јапонски државјанин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.