Генсекот на свое лично име има пријавено гаража, земјоделско земјиште во Струмица, стан, три моторни возила, авторски хонорар и депозит.

Објавил: admin@magazin | 6 јули, 2019 20:34

ОД ЦИФРАТА ЌЕ ВЕ ЗАБОЛИ ГЛАВА: Ова е имотот кој го поседува Драги Рашковски!

Фото/Текст извор: ©лидер.мк

Драги Рашковски е во центарот на голем скандал со италијанската компанија „Леонардо“, која доби тендер од 7 милиони евра од М-НАВ.

Според досегашните факти, Рашковски самиот си дал овластување да преговара со „Леонардо“ иако како генсек нема таква одговорност.

Сепак и покрај тоа што знаел дека не смее да се разговара со компанијата, поради правилата на ЕБРД, Рашковски влегол во преговорите по што се поставува прашањето дали тоа го сторил со намера да добие провизија?

Според податоците од анкетниот лист, Рашковски тежи 139.105 евра.

Во меѓувреме, додека се развиваат нови моменти од скандалот, Економски Лидер, ви открива каков имот има пријавено Драги Рашковски во неговиот анкетен лист.
Според податоците од анкетниот лист, Рашковски тежи 139.105 евра.

Рашковски на свое лично име има пријавено гаража, земјоделско земјиште во Струмица, стан, три моторни возила, авторски хонорар и депозит.

Според податоците од Државната комисија за спречување на корупција, Рашковски има и кредит од над четири милиони денари кој треба да го исплати до 2028 година.

Магазин се оградува од содржината на објавениот материјал. Како портал го пренесуваме материјалот за информирање претходно објавен јавен интетес. *Напомена: Магазин не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.