Новитет оваа година е што граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од 01.01.2020 година.

Објавил: Владо Марин | 31 мај, 2020 11:17

ОД УТРЕ ВО СКОПЈЕ АПЛИЦИРАЈТЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Градот Скопје утре (01.06) ќе ги објави јавните повици за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети во 2020 година.

Новитет оваа година е што граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од 01.01.2020 година.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, и 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Повиците ќе биде отворени до 30.11.2020 година или до реализирање на средствата, а ќе се спроведуваат по принципот „прв дојден прв услужен“. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за купување на еден велосипед, а истото важи и за субвенција за електричен тротинет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.