Како што објави Алфа, за периодот од шест месеци од стапување во сила на Договорот, кој истекува утре, власта се обврза симболот од Вергина да биде тргнат, а на спомениците што упатуваат на тој период да бидат истакнати ознаки дека се дел од античката хеленска историја и цивилизација.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 август, 2019 22:06

Од утре згаснува Сонцето од Кутлеш не смее да да стои на ниту еден споменик, ниту пак институција или јавно место

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото лидер.мк

Сонцето од Кутлеш, кое е симболот на првото знаме на независна Република Македонија, од утре не смее да стои на ниту еден споменик, ниту пак институција или јавно место – вака стои во договореното во Нивици на кое се согласи македонската Влада лани во јуни, пишува Алфа.

Sвезда од Кутлеш, Сонце од Кутлеш или Аргеадска ѕвезда — симбол на стилизирана ѕвезда или сонце со шеснаесет зраци и симбол на античките Македонци. Се среќва во разни древни остатоци, цркви и народни градби во земјата.

Како што објави Алфа, за периодот од шест месеци од стапување во сила на Договорот, кој истекува утре, власта се обврза симболот од Вергина да биде тргнат, а на спомениците што упатуваат на тој период да бидат истакнати ознаки дека се дел од античката хеленска историја и цивилизација.

Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба., стои во чл.8 од Договорот.

Владата на седница на 4-ти јули побарала надлежните институции да достават информација за спомениците, јавните и другите инфраструктурни објекти чии имиња се дел од античката хеленска култура и цивилизација, во чија надлежност се тие во однос на поставувањето и одржувањето и кој е носител на авторските права, доколку станува збор за уметнички дела. Се ќе било завршено во зацртаниот временски рок.

Целата сторија прочитајте ја на Алфа…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.