Од утре од 09 часот ќе биде отворена Зоолошка градина, но поради моменталната состојба со пандемијата од Ковид-19 ќе има нов протокол за движење и придржување кон мерките.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 мај, 2020 22:39

Од утре може да се дружиме со животните во скопската Зоолошка градина!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заклучно од утре вратите на Зоолошката градина во Скопје ќе бидат отворени за посетители кои ќе можат да се дружат и да уживаат со животните.

Зоолошката градина Скопје е формирана во 1926 година од страна на тричлена комисија со која раководел доктор Станко Караман, тогаш е предложена и денешната локација која зафаќала 4 хектари површина до крајот на 1965 година.

Од утре од 09 часот ќе биде отворена Зоолошка градина, но поради моменталната состојба со пандемијата од Ковид-19 ќе има нов протокол за движење и придржување кон мерките.

За да може да бидат дел од уживањето со животните, посетителите ќе треба да носат маска или марама. Ред ќе се чека на дистанца од 1,5 м кое е уредно обележано.

Ккао и претходно така и сега строго е забрането хранење и доближување до животните, а граѓаните треба да бидат совесни и отпадоците да ги фрлаат во корпите.

Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта. Низ зоолошката градина, посетителите ќе мора да држат дистанца од другите посетители.

Од скопската зоолошка градина информираат дека бројот на посетители ќе биде ограничен, за во одреден момент да не се создава поголема гужва низ градината.

Јавното здравје е пред се и затоа сите заедно да се придржуваме кон мерките.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести