Ова се заклучоците на Комисијата кои преку министерот за здравство Венко Филипче ќе бидат предложени до владата, која на владина седница го има последниот збор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 мај, 2020 11:57

Од утре отвараат и кафулињата и рестораните

Фото/Текст извор: ©курир.мк

На денешната Комисија за заразни болести било разговарано за отворање на кафулињата и рестораните од утре, отворање на границите од 1 јуни во договор со соедните држави, како и за укинување на полицискиот час со оглед на тоа што не се почитува, дознава неофицијално „Курир“.

Денеска се разговара за евентуално намалување на полицискиот час, оваа недела завршува и вонредната состојба, но нема никаква најава за нова, а од утре се отвораат и кафулињата и кафеаните иако бројот на заболени не се намалува….

Ова се заклучоците на Комисијата кои преку министерот за здравство Венко Филипче ќе бидат предложени до владата, која на владина седница го има последниот збор.

Во последните неколку недели, ресорниот министер редовно најавува олабавување на мерките и постепено враќање на животот во нормала, посебно во периодот кога бројките на заразени достигаа од 5 до 7 на дневна основа.

Меѓутоа, овие две недели заразата повторно букна, со што бројот на заразени се искачи и до 40 дневно, а најмногу заболени во овој период има во Гази Баба, Чаир, Сарај и Бутел.

Заклучно со вчерашниот ден, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести