Ве информираме дека од утре, вторник (1.09.2020 год) повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз.

Објавил: Владо Марин | 31 август, 2020 20:15

ОД УТРЕ ПОВТОРНО ЌЕ ВАЖИ БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ОД УТРЕ ПОВТОРНО ЌЕ ВАЖИ БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ, ИНФОРМИРААТ ОД ЈСП СКОПЈЕ!

Ви го пренесуваме во целост соопштението!

Почитувани,

Ве информираме дека од утре, вторник (1.09.2020 год) повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз.

Потсетуваме дека од пред три месеца во функција се и бесплатните годишни студентски билети, а и натаму не важи одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.

НА 10 ЈУЛИ ГОДИНАВА НОВИТЕ ЕКОАВТОБУСИ ПОЧНАА ДА ВОЗАТ НИЗ УЛИЦИТЕ НА СКОПЈЕ!

Новите екоавтобуси на гас, од германската компанија MAN се дел од возниот парк на ЈСП и од денеска возат по нашите улици, со што Скопје стана дел од европски метрополи коишто користат екоавтобуси. Возачите коишто ги возат новите автобуси на линии 2, 5, 15 и 57, имаа стручна обука од сертифициран возач од Хрватска.

Новите автобуси се енергетско ефикасни, во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија и ги задоволуваат стандардите за емисија на Euro 6. Овој тип на автобуси е прогласен за екоавтобус за 2016 година во Европа, а во Германија ја поседува ознаката „Син ангел“ бидејќи емитуваат значително помалку ЦО2 и речиси воопшто не го загадуваат воздухот.

Градот одлуката за набавка на ваков тип автобуси ја направи по извршеното тест возење низ Скопје кога пробно сообраќаа 3 различни модели на автобуси на гас и еден електричен автобус од различни производители, вклучувајќи го и автобусот од MAN, а тој според патниците беше најдобро оценет и најсоодветен за јавниот сообраќај во Скопје.

Еден екоавтобус заштедува до 25.000 евра гориво на годишно ниво, односно во споредба со потрошувачката на старите дизел автобуси, овие автобуси трошат речиси двојно помалку гориво, што дополнително ќе ги намали трошоците на ЈСП, а истовремено го намалува и загадувањето на животната средина преку издувни гасови.

Колку за потсетување, автобусите што беа набавени пред 8 години, 202 двокатни кинески автобуси на дизел, чинеа премногу, се со лош квалитет и секојдневно се расипуваат, а ЈСП со години има проблем со кинеските автобуси поради непостоење овластен застапник, а со тоа и сервисна и техничка поддршка.

За разлика од претходните автобуси набавени од старото раководство, за да се избегнат проблемите при одржувањето, овојпат во цената на секој нов MAN екоавтобус е вклучено и одржувањето на автобуси како промена на масло, филтри и лесно отстранливи дефекти во гарантниот период од 3 години, како и специјален наменски алат за сервис и одржување на автобуси, кој е изработен од специјални материјали (комбинација на пластика, алуминиум и нерѓосувачки челик). Еден зглобен автобус чини 334.500 евра, а единечен 268.900 евра.

Град Скопје со набавката на новите 33 нископодни MAN CNG автобуси за ЈСП, на претпријатието му овозможи да врши превезување на речиси двојно повеќе патници коишто имаат поголем простор и комоција за движење, што придонесува за побрз проток на патниците низ возилото, со повеќе врати за влез и излез, како и валидатори на предната и на задната врата. Ваков тип на екоавтобуси веќе се користат во јавниот превоз на Шпанија, Норвешка, Унгарија и Полска.

Во моментот на улиците на Скопје возат 25 нови екоавтобуси на гас од кои 20 се единечни и 5 зглобни, а во текот на месецот ќе пристигнат и преостанатите 8 автобуси што се дел од договорот што го потпиша Градот за набавка на 33 нови екоавтобуси, односно 21 нископоден автобус со поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со поединечен капацитет од 149 патници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...