Во однос на скринингот во училиштата министерот истакна дека најверојатно ќе почне за две недели.

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 септември, 2021 16:04

Од утре почнува вакцинацијата со трета доза во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од утре, граѓаните кои имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести, со потврда ќе можат да примат трета доза од производителот „Фајзер“ против коронавирус.

Ова го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, кој денеска ја поддржа кампањата „Напред розово“.

„Граѓаните над 60 години согласно временскиот период после примената втора доза на вакцина ќе добијат порака да се вакцинираат. Нема да има посебен термин или пункт, туку тие ќе може да одат каде било најблиску до местото на живеење“, рече Филипче.

Во однос на скринингот во училиштата министерот истакна дека најверојатно ќе почне за две недели.

Како што рече, целта е да се откријат евентуални асимптоматски носители на вирусот, знаејќи дека децата се најчестите асимптоматски преносители.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...