Саудиска Арабија привремено го запре производството на нафта на две локации, по серијата напади со дронови што предизвикаа и големи пожари.

Објавил: Македонка Димкин | 16 септември, 2019 21:41

Од утре шок , ќе експлодираат цените на нафтата? на кому му годи нападот на Саудиска Арабија

Фото/Текст извор: ©ројтерс

Саудиска Арабија привремено го запре производството на нафта на две локации, по серијата напади со дронови што предизвикаа и големи пожари. Станува збор за речиси половина од вкупното производство на нафтениот гигант „Арамко“, што може да доведе и до сериозни потреси на светскиот пазар на нафта. И покрај тоа што одговорноста за нападите ја презедоа бунтовниците Хути од Јемен, шефот на американската дипломатија Мајк Помпео го обвини Иран дека стои зад инцидентите, пренесуваат светските Нападот влијаеше на привремена суспензија на производството на локациите Абкаик и Кураис.

Нападот предизвика прекин на производството на околу 5,7 милиони барели нафта, што е околу 50 отсто од вкупното производство на компанијата „Арамко“ – изјави Абдулазиз бен Салман, саудискиот министер за енергетика.
Во нападите со дронови, како што пренесува Ројтерс, погодени се најголемиот објект за преработка на нафта во светот и уште едно големо нафтено поле, а беа предизвикани и големи пожари на една од најранливите локации за глобалното снабдување со енергија. Бен Салман додаде дека пожарите се ставени под контрола и оти нема повредени лица во инцидентите. Според саудиски извори, во нападите биле употребени најмалку десет дрона со експлозив.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го обвини Иран за нападите врз саудиските нафтени погони. Тој ја исклучи вмешаноста на јеменските бунтовници и порача дека Техеран се занимава со лажна дипломатија.

Дали е напдато случаен на тајмингот кога по тричасовно одложување, во Анкара започна трилатералната средба меѓу лидерите на Русија, Иран и Турција, земјите гаранти во процесот Астана, за Сирија.
Од 2017 година тоа е петти самит по прашањето меѓу турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, чија земја ја поддржува сириската опозиција, рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рохани, чии земји го поддржуваат режимот на Дамаск. Има ли Техеран навистина интерес да влегува во конфликт со Саудиска Арабија или зад овој напад стојат Американците?

Техеран стои зад речиси сто напади на Саудиска Арабија, додека Рухани и Зариф се преправаат дека се вклучени во дипломатија. Покрај сите повици за деескалација, Иран сега почна напад без преседан на светското снабдување со енергија. Ги повикуваме сите земји јавно и едногласно да ги осудат иранските напади. САД ќе соработуваат со своите сојузници за да се осигуриме дека енергетските пазари ќе бидат добро снабдени – додаде Помпео.

Од друга страна, официјален Техеран ги отфрли американските обвинувања.
Такви слепи обвинувања и забелешки се неразбирливи и безначајни. САД усвоија политика на максимален притисок врз Иран, што доведе до максимални лаги. Саудиска Арабија постојано го напаѓа Јемен, а Јеменците покажаа силен отпор кон таквата агресија – изјави Абас Мусави, портпаролот на иранското МНР.

„Волстрит журнал“ наведува дека експертите истражуваат дали нападите биле извршени од Иран или од иранските шиитски сојузници во Ирак. Според експертите, доколку дроновите навистина биле испратени од Јемен, тогаш тие морало да прелетаат повеќе стотици километри.

Саудиската компанија „Арамко“ е најголем производител на нафта во светот. Нафтеното поле Кураис произведува над еден отсто од светската нафта, додека, пак, Абкаик е најголемата рафинерија на компанијата, со капацитет за преработка на околу седум проценти од глобалната нафта. Дури и краток или делумен прекин во работата може да има големо влијание на компанијата и на глобалното снабдување со нафта. Саудиска Арабија произведува околу десет отсто од светската нафта, а преполовувањето на производството може да има голем ефект врз цената на нафтата на светските берзи.

Експертите наведуваат дека успешноста на нападите со дронови ја покажува ранливоста на инфраструктурата на „Арамко“. Покрај тоа, најновиот инцидент ја зголемува загриженоста дека ескалирачките тензии во регионот може да претставуваат поголем ризик за нафтата, односно закана за една петтина од светските резерви што се транспортираат преку Ормутскиот Теснец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...