По смртта на двајца британски туристи евакуирани се сите 301 гостин од хотелот во Египет

Објавил: Мартин Попоски | 24 август, 2018 13:03

Од хотел во Египет итно евакуирани 301 гостин по смрт на две лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Британската туристичка компанија “Томас Кук” соопшти денеска дека евакуирале 301 турист од хотел во Хургада во Египет откако двајца туристи починале под неразјаснети околности.

Џон Купер (69) и неговата сопруга Сузан (53) биле пронајдени во вторникот мртви во хотелот “Steigenberger Aqua Magic” на Црвеното Море.

Томас Кук соопшти дека добиле информации за заболени гости но детали не наведоа.

Безбедноста е наш приоритет и поради тоа одлучивме сите наши гости да ги тргнеме од тој хотел велат од компанијата. Ним им е понудено алтернативно сместување или врќање во Велика Британија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести