Микрофонот не го испушташе од раце, но за секоја песна на колегите им даваше од 50 до 200 евра и ми се чини дека музичарите заработија околу 10,000 евра

Објавил: admin@magazin | 26 јуни, 2019 15:38

ОД ЦЕНАТА ЌЕ ВИ СЕ ЗАВРТИ ВО ГЛАВА: Дарко Лазиќ за раѓањето на синот потроши право богатство!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Дарко Лазиќ и неговата вереница Марина Гагиќ пред два дена постанаа родители на момче кое му го дадоа името Алексеј.

Прославата по повод раѓањето на синот траеше до раните утрински часови и не се штедеше на ништо. Веднаш после тоа почна да се шпекулира колку пари Дарко потрошил на прославата на која и сам го земал микрофонот, а српските медиуми пишуваат дека се работи за цифра од околу 10,000 евра!

-Беше највесел, што е нормално. Микрофонот не го испушташе од раце, но за секоја песна на колегите им даваше од 50 до 200 евра и ми се чини дека музичарите заработија околу 10,000 евра. Пееше песни на Шабан, Синан, Љубе Аличиќ, Кукија, Тозовац, Мирослав Илиќ…И покрај тоа што пееше, тој за секоја песна ги честеше пејачите и свирачите – зборува извор близок до пејачот.

Минатата недела Лазиќ официјално се разведе од својата прва сопруга, пејачката Ана Севиќ, оваа недела со својата свршеница Марина го доби синот Алексеј, а веќе следната седмица би повторно да се венча!

„Додека не излезат од породилиштето, ќе прославам, а во среда правам голема забава, каде што ќе ги повикам сите луѓе што ги сакам“ – најави Лазиќ, и ги откри деталите за претстојната свадба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.