ДУИ ВЛЕЗЕ ВО СУДИР СО ПЕНДАРОВСКИ ПОРАДИ НАЗНАЧУВАЊЕТО НА МУСЛИУ ВО AГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ

Објавил: Македонка Димкин | 23 мај, 2019 23:01

Од што се вознемири ДУИ од изборот на Муслиу за прв човек на Агенцијата за разузнавање?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Еден ден после именувањето на Еролд Муслиу за прв човек на Агенцијата за разузнавање , од коалицискиот партнер во власта ДУИ – упатија повик до претседателот Пендаровски да ја преиспита одлуката за изборот на Муслиу. Бујар Османи вели дека одлуката за ова именување ги вознемиралила и фрллила сенка на денот кога Собранието ја донесе реформата на безбедносните служби.

За Пендаровски нема дилема дека Муслиу е вистинскиот избор за прв човек на Агенцијата за разузнавање, засега нема да се разгледува барањето на ДУИ – од претседателскиот кабинет велат станува збор за врвен професионалец – неговото именување е позитивно оценето од партнерските служби.

Претседателот Стево Пендаровски веднаш по стапувањето на функцијата темелно разгледа повеќе предлози како можни решенија за позицијата директор на Агенцијата за разузнавање. По споредбените анализи на професионалните капацитети на сите кандидати, името на Еролд Муслиу се издвои како решение за извршување на оваа одговорна функција. Станува збор за врвен професионалец кој својата кариера ја градел во земјава и имал беспрекорна соработка со службите од сите сојузнички држави. За именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање беа известени и партнерските служби од земјите членки на НАТО. Именувањето на Муслиу е позитивно оценето од службите на сојузничките земји. – посочуваат од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

„По споредбените анализи на професионалните капацитети на сите кандидати, името на Еролд Муслиу се издвои како решение за извршување на оваа одговорна функција. За именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање беа известени и партнерските служби од земјите членки на НАТО. Именувањето на Муслиу е позитивно оценето од службите на сојузничките земји.“ велат од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Новиот директор на агенцијата во изјава за Аласат М вели дека е назначен од Пендаровски кој беше поддржан за претседател и од ДУИ.

„Не сум ја прочитал таа изјава на вицепремиерот Бујар Османи, меѓутоа вчера слушнавте, имаше став и од претседателот, јас сум именуван од претседателот  Стево Пендаровски. Не знам кој е ставот на политичката партија ДУИ, но колку што знам тие се заедно во Влада со СДСМ, значи го поддржаа претседателот Стево Пендаровски, што да кажам понатаму.“

Премиерот Заев вели дека изборот на Мусилу е одлука на претсдателот и дека дека нема да се меша. Еролд Муслиу досега беше заманик во Агеницјата за разузнавање, а за нов директор беше назначен вчера од претседателот Стево Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести