Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот.

Објавил: Владо Марин | 24 мај, 2020 9:52

Од 11 часот почнува продолжениот полициски час!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Од денеска во 11 часот на територијата на Република Македонија започнува 42-часовен карантин, со цел спречување на ширење и справување со пандемијата на Ковид-19’

Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со Ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на владина седница беше донесена одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на овој празничен викенд.

Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот.

Вчера, на 23 мај, забраната за движење остануваше иста како и за сите други денови, од 19 часот до 05 часот наутро.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во земјава се искачи на 1 941, откако во текот на изминатото деноноќие беа потврдени 20 нови случаи на Ковид-19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани