Денеска, во повеќе градови во државата, како и во цела Европа,започна одбележувањето на Европската недела на мобилност (од 16-22 септември), која оваа година поради пандемијата предизвикана од KОВИД-19 се организира во посебни услови.

Објавил: Владо Марин | 16 септември, 2020 20:45

ОД 16 – 22 СЕПТЕМВРИ СЕ ОДБЕЛЕЖУВА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ПОД МОТОТО „МОБИЛНОСТ ЗА СИТЕ БЕЗ ЕМИСИИ“ ОД 16 – 22 СЕПТЕМВРИ СЕ ОДБЕЛЕЖУВА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ

Денеска, во повеќе градови во државата, како и во цела Европа,започна одбележувањето на Европската недела на мобилност (од 16-22 септември), која оваа година поради пандемијата предизвикана од KОВИД-19 се организира во посебни услови.

Годинешната кампања се спроведува на тема „Мобилност за сите без емисии“, со цел да го покаже значењето и важноста на пристапноста до превозот без емисии и да ја промовира амбициозната рамка која е фокусирана да ги опфати сите граѓани, граѓански организации и општествено одговорни компании кои сакаат преку сопственото учество да придонесат за почист воздух во градовите, помал сообраќаен метеж и поздрав, поразновиден, а воедно и позабавен начин на превоз!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани